Бившите фудбалери на Барселона, Чави и Хавиер Маскерано се главни кандидати за превземање на клупата на Интер Мајами. Веќе е познато дека раководството на Интер Мајами бара заменик за бившиот тренер Џерардо Мартино, кој пред неколку дена си поднесе оставка од лични причини.
Според изворите кои се блиски до клубот, главните кандидати за тренерската позиција на Интер Мајами се Чави и Хавиер Маскерано. Клубот пред се би сакал да ги спои бившите соиграчи со Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс. Претходно Чави беше предводник на Барселона и на Ал Саад каде не се прослави многу. Маскерано пак, беше тренер на младинската репрезентација на Аргентина.
Интер Мајами ја заврши регуларниот дел од сезоната во МЛС со 74 бода, но екипата на Лео Меси загуби од Атланта во првата рунда од нокаут фазата.