Голем удар за Македонија: Без Итан Хап и на двата меча против Литванија!

152

До денеска сите во нашиот табор се надеваа дека Итан Хап ќе успее да се рехабилитира од повредата барем за вториот натпревар со Литванија на гостински терен во рамките на квалификациите за Европското првенство 2025 година.

Но, од таборот на македонската кошаркарска репрезентација стигнаа лоши вести. Американецот со македонски пасош нема да може да биде на располагање на селекторот, Александар Јончевски ниту за реваншот.

Првата средба со Литванија е закажана за утре во 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24. ноември. За дуелот на гостински терен е најавен Ненад Димитријевиќ. Тој нема да настапи во Скопје бидејќи со неговиот тим Олимпија Милано игра меч од Евролига.

ПретходноМекиќ пред Литванија: Го респектираме противникот, но мема да се повлечеме!
СледноВистински домино ефект – Чаби ќе оди во Реал и ќе предизвика лавина!