Кузевски и Јанкулоски нови „Кенгури“ достапни на Македонија

291

Продолжуваме со серијата на претставување на потенцијалните македонски младински но и сениорски репрезентативци. Спортспорт секогаш е отворен на оваа тема, макотрпно работи нашите селекции да бидат што е можно поквалитетни, и со засилувања како од нашето поднебје но и од дијаспората, поблиска и подалечна.

Новитет се двајца младинци кои за прв пат оваа полусезона се појавија во Австралиската најдобра конкуренција.

Се работи за 19. годишниот член на тимот на Макартур, Џошуа Дамевски кој веќе имаше деби за неговиот тим во сениорската конкуренција. Се работи за стопер кој во исто време одлично работи со двете нозе, а може да одговори и на десната бековска позиција.

Од друга страна пак во тимот на Перт Глори го имаме Даниел Јанкулоски кој сеуште нема сениорски настап за тимот туку е дел од У21 тимот. Таму го имаме и Себастиан Деспотовски кој би требало да е во тесни роднински врски со некогашниот репрезентативец на Австралија со македонско потекло Боби Деспотовски, кој пак е дел од тренинг екипажот на Перт Глори и во моментов го води женскиот огранок.

 

ПретходноБарселона официјално го одложи враќањето на Ноу Камп
СледноПознати одлуките на УЕФА за мечот Романија – Косово