Аргентина им се врати на победите во светските квалификации во зоната „Јужна Америка“. „Гаучосите“ остварија неочекувано тешка победа од 1-0 над последнопласираниот Перу. Херој за домаќините беше Лаутаро Мартинез, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 55. минута.
Аргентина имаше иницијатива во текот на целиот натпревар, но тешко се дојде до чисти шанси за гол, и тие што ги имаа не завршија во мрежата на противникот.
Во 55. минута Лионел Меси со мајстрорска асистенција нафрли кон Лаутаро Мартинез, кој со волеј удар ја испрати топката во мрежата за 1:0.
Сепак, Аргентина си ја заврши работата и додаде уште три бода на својот имот. „Гаучосите“ продолжуваат да водат со предност од 25 бода. Перу, пак, останува на последното 10-то место со само 7 бодови и се повеќе ги губи шансите за пласман во светското финале.
WHAT AN ASSIST BY LEO MESSI AND SUPERB FINISH BY LAUTARO 🥶🥶
📹 – @M10GOAT
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) November 20, 2024