Ракометарите на Е. Пелистер не успеаја да ја совладаат екипата на Фредериција во натпреварот од осмото коло од Лигата на Шампионите. Битолчани испуштија победа во последните моменти од натпреварот и освоија само бод.
По натпреварот ракометарот на Е. Пелистер, Богдан Радивојевиќ го даде своето мислење за мечот.
„Мислам дека ова беше одличен меч, многу борба и добра одбрана со многу голови на двете страни. Штета што не победивме, во вториот дел се вративме во натпреварот по негатива. Усепавме да се вратиме во средбата, дури и да поведеме. Имавме шанса да победиме, ама и тие имаа. Поддршката беше одлична од трибините и нè туркаше низ натпреварот. Пак, бод е бод, не го загубивме мечот. Штета е што не победивме, работиме напорно и одиме понатаму. Шансите за пласман во следната фаза постојат, имаме натпревари дома и на гости и сè е на нас. Одиме и во следниот меч максимално“, изјави Радивојевиќ.