Викендов продолжуваат активностите во ПМФЛ шампионатот, а секако дека во рамките на 15. коло во Битола пристигнува лидерот Шкендија.
По одличното искуство од дуелот со Вардар кога во Битола се случи вечерен спектакл под рефлектори сега Пелистер повторно се одлучи за ноќен натпревар.
Билетите за мечот веќе се пуштаат во продажба, а како што домаќинот известува како и во случајот со Вардар, и за овој дуел во Битола има огромен интерес.