Европски купови: Јошко и Љафтов во осминафинале, Савовски елиминиран

30

Најтрофејниот македонски одбојкарски стратег Јошко Миленкоски и нашиот репрезентативец Александар Љафтов успешно ја минаа 1/16-финалната пречка во Челинџ Купот на ЦЕВ. Вечерва во својата сала, ПАОК во Солун со максимални 3:0 го совлада шпански Сан Роке Лас Палмас и ја потврди својата доминација покажана и на првиот меч на гости, кога однесе победа од 3:2.

Вечерва тимот предводен од Миленкоски не им даде шанса на гостите да се понадеваат на некаква драма во Солун. Во трите сета ПАОК доминираше и убедливо со (25:17, 25:22, 25:22) дојде до пласман во осминафиналето. Љафтов кој го почна мечот во стартната постава за солунскиот тим на крајот заврши со 4 реализирани поени, од кои два беа по успешни блокади.

За жал, Филип Савовски и неговата Војводина не ја искористија предноста на домашниот терен за да му се реваншираат на романски Брашов за поразот од 3:1 на првиот меч од 1/16-финалето на ЦЕВ Купот. Вечерва во Нови Сад, Војводина беше убедливо поразена од 3:0.

Савовски кој е стартер за Војводина мечот го заврши со 6 поени, од нив два по успешни блокади.

ПретходноИталија е нов светски шампион во Били Џин Кинг купот
СледноФеникс Санс со нов договор за Дурант