Мекиќ пред Литванија: Го респектираме противникот, но мема да се повлечеме!

71

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за двомечот со Литванија во рамките на квалификациите за ЕП 2025 година. Првиот меч се игра во Скопје во четвртока (18 часот), додека реваншот е закажан за три дена во Клаипеда.

На првата средба селекторот, Александар Јончевски нема да смета на Ненад Димитријевиќ, а под голем знак прашалник Итан Хап. Сето ова го комплицира патот кон втората победа.

Иако станува збор за добро докажано кошаркарско име во светот, нашите момци немаат намера да се повлечат.

„Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен. Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не смееме да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат“, вели 29-годишниот Адем Мекиќ.

ПретходноВестбрук му „бега“ на Јокиќ, неговиот рекорд засега е недостижен!
СледноГолем удар за Македонија: Без Итан Хап и на двата меча против Литванија!