Тотенхем ќе поднесе жалба за суспензијата на Бентанкур

29

Тимот на Тотенхем и официјално ќе поднесе жалба околу суспензијата која што ФА му ја изрече на Родриго Бентакур. Тој нема да има право на настап на седум мечеви поради расистичката изјава на уругвајската телевизија наменета кон неговиот соигрча Сон од Јужна Кореја. Глупоста за која Бентакур сметаше дека е забавна го чини суспензија и парична казна од 100.000 фунти, а клубот истата ќе се обиде да ја намали.

Бентакур се извини за потегот, Сон истата ја прифати, и излезе со изјава за да донекаде ја намали штетата. Сепак, сега од страна на Тотенхем ќе биде поднесена жалба не на самата одлука туку на висината на санкцијата. Поточно, од Тотенхем ќе се обидат да спасат што може да се спаси, народски кажано.

 

ПретходноХаланд трча со волк, оди по жар…(ВИДЕО)
СледноЏенова го потврди Виера