Извршниот директор на ФИБА Европа заедно со Муцунски специјални гости во „Кале“

142

Како што најавивме вечерашниот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Литванија, кој се игра во СРЦ „Кале“ го гледа и извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак, кој е во друштво со првиот човек на нашата федерација, Перо Антиќ и генералниот секретар, Владимир Георгиевски. Во „Кале“ е министерот на надворешни работи, Тимчи Муцунски, кој е голем поддржувач на кошарката во Македонија.

 

Мечот меѓу двете селекции е важен за пласманот на Европското првенство 2025 година, бидејќи имаат скор од победа и пораз, но Македонија и на оваа средба не е комплетна. Ги нема Ненад Димитријевиќ, Итан Хап, Андреј Јакимовски и Андреј Магдевски, па и вториот Американец со македонски пасош, Ти-Џеј Шорт.

На одморот резултатот е 27-44 во корист на Литванија.

ПретходноЛевандовски: “Му реков на Фергусон дека сакам во Јунајтед…!“
СледноФОТО ВЕСТ: 50-тина Литванци на трибините!