Крстевски: Не сме во најсилен состав, но што е тука е – одиме максимално!

73

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18 часот) во СРЦ „Кале“ ја пречекува Литванија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. Нашите момци во ноемврискиот процес ќе одиграат два меча со истата репрезентација, вториот е за три дена во Клаипеда.

Александар Јончевски и овој пат на располагање ќе го нема посакуваниот ростер. Итан Хап отпадна за двата дуели поради повреда, Ненад Димитријевиќ ќе се приклучи во Литванија, а додека Андреј Магдевски останува под знак прашалник за реваншот.

Момците се свесни кого ќе имаат на другата страна теренот. Литванија има и нов селектор, па тешко е да се направи анализа.

ПретходноСаудиска Арабија ќе гради „чудовиште“ од стадион (ВИДЕО)
СледноИкарди зажали што воопшто ја запозна Ванда Нара (ВИДЕО)