Македонската кошаркарска репрезентација не се посрами против силната Литванија иако вечерва настапи без најдобрите. Избраниците на Александар Јончевски одиграа борбено, што е за честитки, не паднаа ниту после големата негатива. На крајот беа поразени со 67-82.
„Ни фалат неколку момци имавме проблем со скоковите, направивме се што можевме, се надевам дека следниот меч ќе биде подобро. Литванците поставија агресивна игра, што пак судиите им го дозволија тоа. Беше игра со контакт. Сите дадовме се од себе покажавме некој карактер“, изјави Николов кој постигна 18 поени и успеа да одговори на поставената задача на Јончевски.