Роналдо за тоа дали ќе дочека да игра заедно со својот син: “Можеби, ќе видиме…“

168

Има 39 години, сака да игра уште, сака да урива рекорди, сака со својата Португалија до титулата светски првак на СП 2026, кога тогаш ќе има 41 година. Португалецот блеска во Ал Наср, а во дресот на својата репрезентација од меч во меч урива рекорди.

На прашањето дали ќе дочека да заигра професионално во некој тим заедно со својот син Кристијано Јуниор, Роналдо одговори:

Можеби, ќе видиме. Тој сега има 14 години, за три години кога ќе има 17 би можеле да играме заедно“ посочи Португалецот.

Ова прашање беше во контекст на она што Леброн Џејмс го направи во ЛА Лејкерс, кога заигра со својот син Брони.

Дали Роналдо и неговиот син ќе испишат историја, останува да се види.

ПретходноОфицијално: Пеп Гвардиола потпиша! (ВИДЕО)
СледноУф, каков Партизан: Момците на Обрадовиќ ја “расплакаа“ Ц. Звезда во преполната Арена!