Александар Јончевски: Ако бевме на исто ниво 40 минути, можеби целата слика ќе беше поинаква“!

148

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација вечерва во “Кале“ во Скопје, во меч од квалификациите беше поразена од Литванија со 67:82. По лошиот почеток, нашите кошаркарки во продолжение од средбата заигра далеку подобро, но сепак фаворитот успеа да дојде до победата.

По натпреварот нашиот селектор Александар Јончевски истакна:

Пред се честитки до селекцијата на Литванија за победата. Бевме премногу меки на стартот, не бевме изненадени од нивната енергија, но не одговоривме на вистински начин. Во моментот кога сфативме дека мораме да возвратиме со иста енергија, со иста борба, во второто полувреме ја променивме и одбраната, што ни даде резултат. Енергијата во првото полувреме беше недоволна, ако бевме 40 минути на исто ниво можеби и целокупната слика ќе беше поинаква. Верувам дека кошаркарскиот талент беше на наша страна, но физичката сила и енергијата беше она што им ја донесе на Литванците оваа победа“, изјави Јончевски.

Се очекува Македонија за неделниот дуел во Клаипеда да биде засилена со Ненад Димитријевиќ, но селекторот објави дека Магдевск и Хап нема да може да помогнат ниту на гостувањето во Литванија.

Верувам дека со Димитријевиќ работите ќе бидат подобри, но ќе мораме да го смениме ставот и да одиграме цел меч ако сакаме подобар исход. Итан Хап дојде, неговата состојба не е подобрена, истото важи и за Магдевски, двајцата нема да патуваат со нас во Литванија, повредите очигледно се посериозни и тие нема да можат да ни помогнат ниту на вториот натпревар“ дополни нашиот селектор.

ПретходноНиколов: Направивме се што можеме!
СледноШортс блеска, Париз во победничка серија!