Дончиќ го повреди зглобот на раката и го чека пауза

47

Кошаркарот на Далас Маверикс и на словенската репрезентација Лука Дончиќ заработи повреда на зглобот на десната рака.

Екипата од Тексас во наредните денови ќе објави колку долго Дончиќ ќе отсуствува од терените. Сезонава словенецот настапи на 14 од 15 натпревари и го пропушти само натпреварот против Оклахома пред 4 дена. Тој беше најдобриот на теренот во претходниот натпревар на Далас против Њу Орлеанс, кој Маверикс го добија со 41 разлика.

Досега сезонава Дончиќ има за нијанса послаба статистика од предходната сезона и бележи по 28,1 поен, 7,6 скокови и 7,6 асистенции во просек

ПретходноПовторно повреден: Рис Џејмс нема да игра против Лестер
СледноАнчелоти: Реал е најголемиот клуб кој сум го предводел