Следните два меча се клучни за Лопетеги

43

Следните два меча на тимот на Вест Хем против Њукасл односно Арсенал ќе бидат клучни за судбината на менаџерот на „Чеканите“ Хуан Лопетеги. Шпанецот кој е екс тренер на Реал Мадрид инаку пристигна во Лондон летоска на местото на Дејвид Мојс, но во првите единаесет кола успеа да забележи само три победи. Клубот има само пет бода повеќе од екипите за испаѓање, па менаџментот е подготвен доколку не се случи нешто драстично во следните денови, да направи промени.

Според „Гардијан“, за време на паузата за националните тимови, клубот разговарал за опции со потенцијални замени за Лопетеги. Се споменуваат имињата на Един Терзиќ поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Каспер Јулманд поранешниот селектор на Данска, Роџер Шмит поранешниот тренер на Бенфика и тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес. Првите тројца се невработени. Сè уште е достапен и Греам Потер, но според „Гардијан“, поранешниот менаџер на Челзи не е меѓу кандидатите.

Доколку Вест Хем загуби на двата меча еден од горенаведените сигурно ќе седне на клупата.

ПретходноИкарди зажали што воопшто ја запозна Ванда Нара (ВИДЕО)
СледноРодри: Меси е најголемиот фудбалер во историјата