Димитријевиќ со 11 поени во победата на Олимпија Милано против Макаби!

80

Уште едно квалитетно издание на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано во Евролигата. Вечерва во меч од 11.коло во најквалитетната лига во Европа, Олимпија Милано со 98:86 успеа да слави победа против Макаби. Ова беше петта победа за “манекените“ од Милано. Нас секако дека најмногу не интересира како одигра Димитријевиќ кој мина само 10 минути на паркетот, но и за тоај период Македонецот постигна 11 поени, значи и тоа како учествуваше во триумфот на својот тим со оглед на минутажата која ја добие вечерва од својот стратег Еторе Месина.

Покрај тие 11 поени, Нено забележа и по еден скок и асистенција.

ПретходноУф, каков Партизан: Момците на Обрадовиќ ја “расплакаа“ Ц. Звезда во преполната Арена!
СледноСе огласи и Евролигата за атмосферата во Белград: Дали ова некогаш сте го виделе? (ВИДЕО)