Римас Куртинаитис вечерва во Скоппје за првпат ќе застане на кормилото на литванската кошаркарска репрезентација и тоа на дуел против Македонија. За локалните медиуми пред мечот со нашата селекција, предводникот на литванскиот национален состав вели дека нема посебна возбуда.
„Ја работам мојата работа и тоа е тоа. Кога човек цел живот работи исто, нема разлика дали работи овде или таму“, изјавил новиот селектор на Литванија.
64-годишниот стратег вечерва ќе стане најстариот дебитант тренер во историјата на литванската репрезентација. Тој е уверен дека вечерва е најважно неговите кошаркари да ги исполнат задачите, а не да го гледаме тимот на противникот.
„Повеќе сум загрижен за нашиот тим отколку за противниците. Тие имаат свои проблеми. Секако дека ни е полесно без нивните лидери, но тоа не може да не опушти, мора да бидеме фокусирани, да знаеме на што целиме. Дали имаат лидери или не – тоа е нивна работа. Ние мора да си ја завршиме работата“, изјавил Куртинаитис.