Бизнис магазинот Форбс традиционално објавувва листа на најбогати спортски колективи, а во под категорија секако највредни фудбалски клубови според вредноста на акции, имот, и воопшто вредност на берза.
Трета година по ред највреден клуб е Реал Мадрид. Истиот е проценет на 6.6 милијарди долари. Веднаш до него е гигантот од Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед кој што вреди 6.5 милијарди. Јунајтед се стабилизираше откако Џим Ретклиф откупи малцински дел од акциите од американското семејство Глејзер.
Барселона е на трето место со 5.6 милијарди, а следува Ливерпул со 5.4. До десеттото место се поредени, МАнчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем, Челзи и Арсенал.