Уште една неверојатна, фантастична партија на Ти Џеј Шортс во дресот на Париз во Евролигата. Имено македонскиот репрезентативец кој поради обврски за својот тим во елитното натпреварување во Европа не можеше да игра за Македонија против Литванија, му донесе триумф на својот тим на гостувањето кај Ефес. Париз победи со 84:93 во меч од 11.коло во Евролигата, а Шортс беше убедливо најдобриот на паркетот со 21 поени, 10 асистенции и два скока во тие 27 минути на теренот.
Ова за Париз беше осма победа во ова Евролигата оваа сезона и макар привремено се наоѓа на втората позиција на табелата.
Шортс е фантастичен, а Париз победува благодарение на нашиот репрезентативец.