Легендарниот Најдоски: „Верувам во Омерагиќ, тој ја има сета моја поддршка!“

1074

*Секако дека Омерагиќ е вистинскиот избор за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија.

*Чесен лик, поранешен фудбалер, остварен како човек и бизнисмен, тој е човекот во кој јас верувам и човекот кој ја има сета моја поддршка.

*Првиот чекор треба да му биде да воспостави систем, тој тоа го знае, секако дека ќе треба време да ги видиме првите резултати.

Зарем треба да се говори кој е Илија Најдоски. Наша фудбалска легенда, еден од нашите најдобри фудбалери во историјата, некогашен светски и европски првак, член на златната генерација на Вардар, и Ц. Звезда, репрезентативец на екс – СФРЈ и Македонија.

И кога еден таков лик ќе каже нешто, тогаш тоа мора да се почитува, да се респектира. И кога таков лик му ја дава, по Горан Пандев и Агим Ибраими, поддршката на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, како кандидат на Изборното Собрание на ФФМ на 22 декември, тогаш тоа е голема работа.

Пред било што да кажам, само да потсетам. Со Масар Омерагиќ соработувавме во УО на ФФМ пред дваесетина години, исто така пред 12 години кога се споменуваше како кандидат за прв човек на ФФМ, ја имаше мојата поддршка. Така е и сега, мојот став за него не се променил, напротив“ вели Најдоски.

Отворен како и секогаш, Најдоски смета дека токму Омерагиќ е вистинската личност за да во наредните години ја предводи Фудбалската федерација на Македонија:

Да, да, апсолутно. Секако дека Масар Омерагиќ е вистинскиот избор за прв човек на федерацијата. Тука нема дилеми кај мене, а гледам и кај некои истакнати спортски, пред се фудбалски личности, како Пандев, Ибраими и уште многу други“.

No description available.

Зошто Омерагиќ?

Затоа што е чесен лик, фудбалски лик, поранешен истакнат фудбалер кој добро ги познава проблемите и кој има сила и знаење, секако со соодветни соработници, истите да ги реши, а работите да ги поправи. Тој е остварен во животот, истакнат бизнисмен, неоптоварен финансиски кој има желба и тоа како да помогне во мак – фудбалот. Ете затоа Омерагиќ е вистинската личност за мене. Ако веќе е успешен предводник на голема фирма, ако знае како, тогаш и во новата улога ќе биде успешен, јас не се сомневам во тоа. Како прво тој треба да воспостави систем на работа, секој кој ќе соработува со него да си ја знае работата, да биде вистински професионалец и да му помогне. Секако дека треба и време работите да тргнат на подобро, тоа е моја желба, но и желба на сите нас во фудбалот. Јас му стојам на располагање, за идеи и слично. Верувајте дека не сум обременет со никаква функција, сакам и фудбалска Македонија да тргне кон повисоки цели, Федерацијата да биде вистинска Федерација, а со Омерагиќ верувам дека ќе се случи тоа, затоа и еве јавно, преку вашиот медиум му ја давам својата безрезервна подршка“ посочува легендата на нашиот фудбал.

На крај Најдоски посака да им го честита и пласманот на нашите репрезентативци во Б Лигата во УЕФА Лигата на Нации.

Секако. Само честитки од моја страна за успехот и пласманот во Лигата Б. Македонија има потенцијал, има фудбалски ген, само треба некои работи да се постават на вистинско место, како Омерагиќ за претседател на ФФМ, и работите ќе се придвижат кон подобро“ заврши Илија Најдоски.

ПретходноХаланд: “Пеп е најдобриот во светот, најголемиот во историјата!“
СледноРимас Куртинаитис: Ќе ја победиме Македонија и со Димитријевиќ во составот!