Голема победа на шпанската репрезентација во квалификациите за Европското првенство. Во катастрофална партија, Шпанија ја совладаа репрезентацијата на Словачка во Братислава, со една катастрофална судиска грешка на крајот од првото продолжение. На крајот 72:76 по две продолженија.
Словачка имаше одличен финиш на натпреварот и дури имаше пет поени предност во последната минута. Сепак, и тоа им беше малку, а особено е неверојатно како погрешија судиите. Словаците ја имаа топката на 0,4 секунди до крајот на натпреварот и три поени предност, но прво топката беше катастрофално изведена, потоа Јуста ја украде топката, тапкаше и шутна. Погоди за второто продолжение, а таму Шпанците со поголема мотивација и поголема самодоверба го добија натпреварот. Сепак, останува горчлив вкус бидејќи Шпанците стигнаа до тоа продолжение неспортски.
Физички е невозможно да се украде топката, да се допре и да се шутира кон кошот за 0,4 секунди, па големата грешка на семафорот го одбележа овој натпревар.
Dicen que el tiempo es relativo.
Pues para Yusta 4 décimas son 𝙡𝙖 𝙚𝙩𝙚𝙧𝙣𝙞𝙙𝙖𝙙
El triple de una remontada jamás vista. 6 puntos en 4 segundos.
España, a lograr lo imposible en la segunda prórroga. #Eurobasket2025 pic.twitter.com/qLvJTv1MBS
— Teledeporte (@teledeporte) November 22, 2024
Во истата група Летонија ја совлада Белгија со 75:72. На табелата Летонија е лидер со скор 3-0, Белгија 2-1, Шпанија 1-2, а Словачка 0-3.
Големо изненадување видовме во групата Д, каде Шведска го совлада актуелниот светски првак, репрезентацијата на Германија со 73:72 и сега е со две победи и еден пораз, додека Германците се во неволја со скор 1-2. Турција без проблем ја совлада Унгарија со Атаман на клупата, на крајот беше 92:66.