Еден од најдобрите македонски репрезентативци во годинешното издание на Лигата на нации, Исник Алими, повторно во голгетерска форма. Денеска нашиот репрезентативец повторно одигра одличен меч за својот Сепси во романскиот шампионат и постигна гол во победата од 2:0 над екипата на Глорија Бузау.
Алими погоди за водство на Сепси од 1:0 од пенал, со што го запиша својот четврти гол сезонава.