Големо невреме ја зафати Хрватска, посебно северниот дел на таа земја, како и во поголемиот дел на Балканот. Снежните врнежи прават големи проблеми во пресрет на одигрувањето на мечевите од 14.коло во ХНЛ. Најголеми проблеми има “македонскиот“ Вараждин, клуб кој утринава преку својот ФБ профил покажа како изгледа теренот на стадионот во овој град. Сепак тие уверуваат дека до утре со 15 часот, кога е закажан мечот со Локомотива истиот ќе биде очистен од снегот, така да нема да има проблеми.
Велиме “македонскиот“ ако се знае дека актуелни членови на Вараждин се репрезентативецот Димитар Митровски, Марио Младеновски и Ване Јованов.