Една од ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс, Д’Анџело Расел е заинтересиран да го облече дресот на кошаркарската репрезентација на Литванија!?
Расел може да добие литванско државјанство бидејќи неговата девојка Лаура Иваниукас, со која има две деца, е литванска државјанка. Затоа, доколку се венчаат, Д’Анџело ќе има можност да добие литвански пасош. Покрај тоа, претседателот на државата Гитанас Науседа бил известен за желбата на американскиот играч да игра во националниот тим.
„Претседателската администрација е запознаена со желбата на играчот и неговата поврзаност со Литванија, но официјалните процедури за добивање државјанство сè уште не се започнати“, објавија од литванската федерација.