Жоргињо пред договор со Бешикташ

46

Турскиот гигант Бешикташ во јануари ќе го купи играчот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо. Според весникот „Сабах“, Бразилецот, кој поседува италијански пасош, е решен да ги напушти „Емирати“ како слободен играч на лето, но би можел да биде продаден за скромна сума во јануари.

Жоргињо, кој ќе наполни 33 години следниот месец, има само седум настапи за Арсенал во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Високата плата на италијанскиот репрезентативец може да го поттикне Арсенал да се раздели со него во зимскиот преоден рок.

ПретходноПеп: Можеби е арогантно, но заслужив нов договор