Хрватската легенда Звонимир Бобан сепак излезе како победник во правната ботка со својот некогашен клуб Милан.
Хрватот го тужеше клубот каде што мина голем дел од неговата играчка кариера, а потоа беше и спортски директор, поради незаконска смена токму од ова работно место. Бобан беше „главен“ за фудбалските операции во Милано од 2019 до 2020 година во времето кога со клубот раководеше Иван Газидис.
Тогаш тој беше сменет од функцијата, но бараше исплата, која што мораше да ја добие преку суд. Истата е 5.375.000 и со првостепената одлука Милан требаше да ја исплати. Следуваше жалба од страна на клубот, која што беше усвоена, па Бобан мораше да врати 1.2 дотогаш исплатени средства.
Сепак, Бобан и неговиот тим го однесоа предметот до Врховниот суд кој што пресуди во негова корист, па Милан сепак на крајот ќе треба да му ја исплати целата сума.