Македонија поразена од Хрватска на „Кроација Купот“

90

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена во првиот меч на „Кроација Купот“ во Новиград. Во дуел со домаќинот Хрватска избраничките на Кристијан Грчевски загубија со 26:18.

Хрватска уште во првото полувреме направи предност од 6 гола, која подоцна се чини беше недостижна. Хрватска на пауза замина со 14:8.

Македонија, утре од 16:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Србија.

ПретходноКошаркарите се чекираа во Клаипеда: Вечерва ќе се и приклучи Димитријевиќ (ФОТО)
СледноД’Анџело Расел ќе игра за Литванија?