ПСЖ на Мбапе сепак ќе мора да му плати 55 милиони евра

55
Фото: FC Real Madrid/Twitter

Така одлучи Фудбалската Федерација на Франција по повод жалбата на ПСЖ по повод одлуката на Килијан Мбапе да му се исплатат 55 милиони евра на име на заостанати плати и бонуси додека беше дел од клубот од Париз.

Во меѓувреме Мбапе замина во Реал Мадрид, но остана процесот против неговиот поранешен клуб во кој напаѓачот си ги бараше парите загарантирани со договорот.

ПСЖ се обиде да не ги плати платите и бонусите, но како што пренесува Л’Екип тоа ќе мора да го стори.

Одлуката на органите на Федерацијата е конечна, жалбата е одбиена и Мбапе наскоро ќе биде побогат за 55 милиони евра.

 

ПретходноДамевски: Горд сум на моето потекло, чест ќе ми биде да настапувам за Македонија
СледноВо Италија ќе има и трет преоден рок!