Турски банкари измамувале фудбалери, им прети казна до 240 години затвор

166
ISTANBUL, TURKEY - DECEMBER 01: The logo of the Turkish bank DenizBank is seen on December 1, 2017 in Istanbul, Turkey. The trial of Mr. Reza Zarrab, an Iranian-Turk who ran a foreign exchange and gold dealership continues in New York. In recent days testimony Mr. Zarrab implicated a number of Turkish Banks as well as high ranking government officials. Mr. Zarrab is accused of managing a billion-dollar scheme to smuggle gold for Iranian oil and conspiring to violate United States sanctions against Iran. (Photo by Chris McGrath/Getty Images)

Турција ја тресе уште еден скандал поврзан со фудбалот. По редот на оние за местење, за судиски поткуп, за тепачки, за се и сешто, сега на ред се банкарите. Обвинителството отвори истрага против двајца банкари, Хакан Атес и Мехмед Адоглу и обајцата вработени во Денизбанка, која што своевремено тесно соработувала со многу турски но и странски фудбалери.

Истите како директор и заменик директор, но и Сецил Ерзас, директор на филијала на банката, имале пристап до специјални фондови кои што за големи камати им биле нудени на богатите фудбалери. Наместо исплата, Атес и Адоглу бесправно си присвоиле 44 милиони евра. Од парите на пример на турскиот репрезентативец Арда Туран, на уругвајскиот голман во Галатасарај, Фернандо Муслера, но и на еден Фатих Терим кој што исто така бил измамен. Се работи за вкупно 18 фудбалери или фудбалски работници. Обвинителството бара од 72 до 240 години затвор за ова обвинение.

 

 

ПретходноЗвонимир Бобан го доби спорот со Милан и ќе наплати милиони
СледноКошаркарите се чекираа во Клаипеда: Вечерва ќе се и приклучи Димитријевиќ (ФОТО)