Сите со нетрпение го очекуваат дебито на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед. Португалецот е доведен да го “разбуди“ гигантот, да го врати таму каде што и му местото.
Инаку познато е дека Аморим сака челична дисциплина, не трпи никакви приговори или незалагање на тренинзите, за натпреварите да не говориме.
Па така тој на еден од првите тренинзи со играчите на Јунајтед им кажал како ќе бидат казнувани:
“Ако не се залагате ќе ве пратам на позајмица во Бугарија“, по ова играчите на Јунајтед биле шокирани.
Дури потоа сфатиле за што станува збор. Имено Гаус Макуита, кој во 2019 година бил трениран од Аморим во вториот тим на Брага, едноставно се зафркавал на тренинзи па овој го пратил на позајмица во Берое.
Интересно во секој случај.
Инаку Макута сега е член на Аланиаспор од Турција.