Мбапе веќе нема да биде капитен на Франција?!

110

Уште еден удар за Килијан Мбапе. Имено последните информации од Франција, како што ги пласираат медиумите во таа земја, велат дека може лесно да се случи на мега – ѕвездата на Реал Мадрид да му се одземе капитенската лента по се она што се случуваше во изминатиот период кога тој не беше дел од репрезентацијата во октомврискиот и ноемврискиот циклус во Лигата на Нации.

Селекторот Дидие Дешамп јавно го бранеше Мбапе, но зад кулоарите, барем според информациите, имал во неколку наврати не баш така пријатни разговори со Мбапе.

Да потсетиме дека пред извесно време имаше шпекулации дека Мбапе пред своите најблиски кажал дека се додека Дешамп е селектор тој нема да игра за Франција.

Престижниот Л`Екип пренесува дека ситуацијата е многу сложена и дека тешко ќе се најде излез од сето ова.

ПретходноЕве како Аморим ќе казнува: “Ако не се залагате на тренинзите ќе ве пратам во Бугарија!“
СледноФото за раскажување: Седлоски е единствен Македонец кој му бил капитен на играч со “Златна топка“!