Жозе Мурињо и се е можно. Човекот знае што треба, посебно кога не му оди со резултатите, па знае како треба да се „пушти“ некоја сензација или “бомба“.
Па така сега најново е тоа што “Специјалниот“ имал телефонски разговор со Кристијано Роналдо и притоа го поканил да дојде во Фенербахче за следната сезона. Оваа вест искочи уште вчера, но затоа денеска цел фудбалски свет бруи за тоа, а во Турција фановите се во екстаза.
Сепак зарем некој верува дека Роналдо ќе ги остави тие 200 милиони евра годишна плата во Ал Наср и од Саудиска Арабија ќе се пресели во Истанбул.
И сега неколку дена топ – тема во медиумите ќе бидат Жозе и Фенернахче, но не поради победите и добрите игри, туку поради Роналдо.
Ете така се прави тоа во фудбалскиот свет.