Вчера во “Кале“ селекцијата на Литванија успеа да ја оправда улогата на фаворит и да слави против Македонија во меч од 3.коло во групата во квалифиациите за ЕП 2025. Веќе во недела на свој терен, Литванија против Македонија ќе игра на свој терен. Нашата репрезентација ќе биде засилена за овој меч со нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ кој синоќа играше во Евролигата за Милано против Макаби.
По вчерашниот меч легендата на Литванија, Римас Куртинаитис, кој сега е селектор на својата земја, изјави:
“Секако дека Димитријевиќ е одличен играч, играч врвно ниво, кој е креатор на играта на Македонија. Сепак ние се подготвувавме за настап против Македонија и со Димитријевиќ да биде во составот и без него. Мислам дека нема потреба да менуваме било што, сметам дека можеме да ја победиме Македонија и со Нено во тимот“ рече покрај другото Куртинаитис.