Турција ја тресе уште еден скандал поврзан со фудбалот. По редот на оние за местење, за судиски поткуп, за тепачки, за се и сешто, сега на ред се банкарите. Обвинителството отвори истрага против двајца банкари, Хакан Атес и Мехмед Адоглу и обајцата вработени во Денизбанка, која што своевремено тесно соработувала со многу турски но и странски фудбалери.
Истите како директор и заменик директор, но и Сецил Ерзас, директор на филијала на банката, имале пристап до специјални фондови кои што за големи камати им биле нудени на богатите фудбалери. Наместо исплата, Атес и Адоглу бесправно си присвоиле 44 милиони евра. Од парите на пример на турскиот репрезентативец Арда Туран, на уругвајскиот голман во Галатасарај, Фернандо Муслера, но и на еден Фатих Терим кој што исто така бил измамен. Се работи за вкупно 18 фудбалери или фудбалски работници. Обвинителството бара од 72 до 240 години затвор за ова обвинение.