Барселона под водство на Ханси Флик оваа сезона игра фантастично. Познато е како си минаа Баерн Минхен и Реал Мадрид кога каталонците ги “тресеа“ со по четири парчиња. Сепак може и мора подобро, тоа се размислувањата на Германецот Ханси Флик, стратегот на Барса кој просто ја “дигна“ и сега каталонскиот гигант е страв и трепет за сите противници.
А дека Флик спрема “атомски напад“, тоа не е тајна. Имено во Барса наскоро доаѓа, веројатно на лето еден Рафа Леао, Португалецот во Милан кој гори од желба да го облече дресот на Барса. Секако дека и Барселона е заинтересирана за него, за фудбалерот кој на трансфер – пазарот вреди 180 милиони евра во моментов. Се очекува Милан за него да бара околу 100 милиони евра за отштета.
Левандовски, Јамал, Рафиња, Рафа Леао…уф, каков ли напад тоа ќе биде?
“Атомски напад!“ Без дилеми.