Сегашниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски имаше и тоа како импресивна играчка кариера. Сепак најмногу ќе се памети како дефанзивец на Динамо Загреб и тоа во два мандати, а во еден период беше и капитен на најголемиот хрватски клуб, гигант на овие простори.
Фотографијата покажува како на еден тренинг, пред две децении, на тренинг комплексот на Динамо, “џогираат“ Гоце Седлоски, тогаш младиот Лука Модри, Ведран Чорлука…
Кога сме кај Лука и Гоце, веднаш да кажеме дека Седлоски може да се пофали дека е единствениот Македонец кој му бил капитен на играч кој добил “Златна топка“. Модриќ оа престижно признание го доби во 2018 година како играч на Реал Мадрид.
Седло и Лука заедно играа во Динамо од 2002 до 2005 година.