Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи во моментов во светскиот фудбал, ако не и најдобар. Норвежанецот ја има таа привилегија веќе трета сезона да работи во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, според многумина најдобриот тренер во историјата.
Фактот дека Пеп вчера и официјално се обврза да остане во Сити уште две години, секако дека тоа во многу нешта ќе ги промени плановите на Халанд. За Норвежанецот силно се заинтересирани Реал Мадрид и Барселона, се шпекулираше дека следното лето ќе имаме трансфер “бомба“, но сега Халанд со Пеп на клупата, а и со понудата со која ќе биде најплатен фудбалер во Премиер-лигата, тешко дека ќе си оди.
А дека му е добро под водство на Гвардиола, тоа и самиот Халанд го признава па му да комплименти на својот шеф:
“Што да кажам за Пеп што досега не е кажано? За мене тој е најдобриот во светот и најголемиот во историјата“ посочи Халанд во интервјуто за “Скај Спорт“.