Доста интересна и во голема мера неочекувана ситуација се појавувва во врска со најдобриот бугарски кошаркар Саша Везенков. Во моментов членот на Олимпијаков настапува за Бугарија но според инфото на грчкиот новинар Василис Скундис, Везенков може многу лесно да ги смени репрезентативните бои.
Везенков има пасош на Бугарија, но и на Грција односно Кипар, па најавен е можен трансфер.
Кипар е една од земјите домаќин на следното Европско првенство заедно со Финска, Полска и Летонија. Па затоа, Кипраните во намера што подобро да се претстават на овој турнир, ќе се обидат да се засилат со Везенков. Веќе го ангажираа Мозес Рајт да настапува за нив, членот на Олимпијакос, а што се однесува до Везенков, ФИБА има правило дека еден играч може да го смени националниот дрес до одредена возраст.