Далас останува без Дончиќ на следните четири натпревари

40

Од таборот на Далас Маверикс пред натпреварот со Денвер Нагетс соопштија дека Лука Дончиќ нема да може да настапи на следните четири натпревари поради истегнување на зглобот.

Дончиќ се повреди на натпреварот против Њу Орлеанс кој неговиот тим го доби со 132:91. На овој меч словенечката ѕвезда се врати во составот по кратка пауза поради повреда на коленото.

Како што пренесува Далас, деталниот лекарски преглед открил повреда на десниот зглоб. Покрај натпреварот со Денвер, тој ќе ги пропушти и натпреварите против Мајами на 24 ноември, Атланта на 25 ноември, Њујорк на 27 ноември и Јута на 30 ноември.

ПретходноНорис крена „бело знаме“: Титулата ја загубивме во првите шест трки
СледноИнтер Мајами му нуди нов договор на Меси