Денеска со почеток од 13:00 часот продолжува втотолигашката конкуренција во домашниот фудбалски шампионат. На програмата е 13. коло, а се случуваат неколку важни мечеви како за лидерските позиции, така и за оние кои се борат за опстанок.
Лидерот, Македонија ЃП на домашен терен го пречекува Вардарски и навидум ќе има лесна задача, но бодовите однапред впишани се најтешки за освојување.
Дербито секако се игра во Струмица каде што Беласица ќе го пречека тимот на Брегалница, додека уште еден интересен меч ќе се одигра во Куманово, каде што Башкими ќе се сретне со екипата на Кожуф.
Арсими исто така има победа како императив пред себе во дуелот против екипата на Борец на домашен терен.
Двојки 12. коло ВМФЛ, 13:00ч.
Арсими – Борец
Башкими – Кожуф
Беласица – Брегалница
Македонија ЃП – Вардар Н.
Новаци – Осогово
Охрид – Детонит
Победа – Скопје
Саса – Вардарски