СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева
Македонија реванш мечот со Литванија во квалификациите за ЕП 2025 година изненадувачки ќе го игра во Клаипеда, град кој е на 200 километри одалечен од Каунас, местото каде во 2011 година ја испишавме кошаркарската историја.
Овој дуел од 4-то коло ќе се одигра во Арената Швитурио која има капацитет од околу 6.200 места. Нашите кошаркари денеска истрчаа на теренот каде утре ќе играат пред полни трибини, бидејќи Литванците се луди по овој спорт.
Селекторот, Александар Јончевски на располагање го има речиси целиот состав од Скопје, има промена на плејмејкерската позиција. Ненад Димитријевиќ на местото на Кристијан Николов, кој мораше да се врати во Турција на барање на неговиот тим.
Нашите кошаркари веруваат дека можат да одиграат многу подобар меч од Скопје, жалат што во овој февруарски прозорец не се комплетни повторно, со Итан Хап и Андреј Јакимовски, како и Нено од првата средба, приказната во „Кале“ ќе беше поинаква, а патот кон ЕП 2025 отворен.
Но, велат дека нема време за жалање мора да ги искористат овие два дена и да излезат да одиграат многу подобар меч.
Натпреварот меѓу Литванија и Македонија е закажан за утре со почеток во 18:30 часот.