Поради снежните врнежи и лошата состојба на терените одложени се три меча од Суперлигата на Србија за ова викенд коло. Во прашање се мечевите Јединство Уб – Црвена Звезда, ИМТ – ТСЦ Бачка Топола, и дуелот Раднички – Чукарички.
Мечевите се играат во Уб, Лозница и Ниш, а ниту еден од овие терени не е во состојба за одигрување на меч. Обилните врнежи од снег направија терените да се неупотребливи во моментов, а иако истите се исчистени сепак мечеви денес нема да се играат.
Црвена Звезда гостувањето во Уб требаше да го одработи во 17:00 часот, а новиот термин на одигрување ќе биде објавен накнадно.