Пелистер покажа сила против Тиквеш

74

Во меч од 12.коло во нашата ракометна елитна лига, вечерва во Битола, домашниот Е. Пелистер успеа со 40:23 да дојде до повеќе од убедлив триуф против Тиквеш. Во текот на целиот меч актуелниот шампион на Македонија немаше никакви проблеми со кавадарчани. Пелистер овој меч по се изгледа и тоа како сериозно го сфати за да потоа со помош на својот квалитет успеа да дојде до убедлива победа.

Првото полувреме домашните го добија со 18:13, но потоа во второто полувреме заиграа уште подобро за да на крајот му нанесоа вистинска катастрофа на тимот од Кавадарци за конечни 40:23 или победа со +17 голови разлика.

Ова беше 12 меч за битолчани и 10 победа со што сега се пред Вардар 1961 на табелата како втор кој исто така има 10 победи, но овој тим утре ќе го има дербито со Алкалоид, кој и натаму е без пораз суверено ја држи челната позиција на табелата.

Ова беше и прва победа на новиот стратег на Пелистер, Раул Алонсо. Радивојевиќ и Петар Атанасијевиќ стрелаа со по седум голови, додека кај гостите Кривикапиќ постигна по 6 погодоци.

ПретходноНекогашен фудбалер на Галатасарај е новиот газда на Беласица!
СледноАтлетико Мадрид со пресврт до победа за јубилејот на Чоло Симеоне!