Каков меч на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид, во кој Атлетико со 2:1 успеа да слави против Алавес и тоа со пресврт. Прво гостите со голот на Гуриди во 7.минута дојдоа до 0:1 и така беше се до 76.минута Гризман од пенал израмни на 1:1, за да во 86.минута Серлот донесе победа и три бода.
Ова беше 700-ти меч на клупата на Атлетико Мадрид на Диего Чоло Симеоне и 300 победа во Ла Лига. Интересно неговиот син Џулиано Симеоне беше прогласен за играч на мечот иако влезе во второто полувреме.