Блескаво полувреме со пет гола за убедлива победа на Интер

27

Фудбалерите на Интер убедливо ја совладаа екипата на Верона на гости со 5:0 во натпреварот од 13. коло на италијанската Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги ја завршија целата работа веќе во првите 45 минути кога ги постигнаа сите пет гола.

Отпорот на Верона траеше само 17 минути, толку му требаше на Хоакин Кореа за да го надмудри Монтип за 0:1. Маркус Тирам постигна два гола за само три минути, па по неговите голови во 22. и 25. минута Интер водеше со 3:0.

Во 31. минута Стефан де Фреј по додавањето на Аслани погоди за 0:4, а десет минути подоцна Јан Бисек со гол ја круниса фантастичната партија на гостите.

Интер со денешната победа повторно се искачи на врвот на табелата во Серија А со 28 бода, два повеќе од Наполи кој има натпревар помалку.

ПретходноОхрид по двата порази до лесна победа над Радовиш
СледноСензационално: Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ! (ВИДЕО)