ВМФЛ: Брегалница со три бода од Струмица, “лавовите“ со “петка“ против Вардар (Н), Детонит убедлив во Охрид

241

Попладнево се одиграа сите осум средби од 13.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Струмица каде силите ги одмерија Беласица и Брегалница. Со голот на Ивановски во 33.минута, гостите од Штип освоија екстра значајни три бода во битката за врвот на табелата, со оваа победа Брегалница и натаму е втора, место кое гарантира пласман во ПМФЛ.

Лидерот, тимот на Македонија ЃП на свој терен со 5:0 го победи Вардар (Н) и со тоа покажа кој е кој во моментов.

Интересно беше во Охрид, каде истоимениот тим беше надигран од Детонит и поразен убедливо со 1:3.

Арсими и Башкими како домаќини славеа со идентични 1:0 против Борец и Кожув и со по тие три бода и натаму се при врвот на табелата.

Скопје со двата гола во финишот на средбата во Прилеп, успеа да слави со 0:2 кај Победа.

РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (Н) 5:0

АРСИМИ – БОРЕЦ 1:0

БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА 0:1

ОХРИД – ДЕТОНИТ 1:3

БАШКИМИ – КОЖУВ 1:0

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0:2

НОВАЦИ – ОСОГОВО 5:0

САСА – ВАРДАРСКИ 5:1

ТАБЕЛА

Македонија 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Саса 21, Детонит 21, Охрид 21…

ПретходноИнтер Мајами му нуди нов договор на Меси
СледноФилип Најдовски успешно опериран