Димитријевиќ пред реваншот со Литванија: Поразот нè не обесхрабрува!

78

СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација утре го игра реванш дуелот против Литванија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. По три кола „црвено-жолтите“ имаа скор од победа и два порази, последниот доаѓа токму од Литванците кои ќе не пречекаат во Клаипеда, во Арена со капацитет од 6.200 места.

На овој дуел во нашиот состав ќе биде и Ненад Димитријевиќ. Кошаркарот на Олимпија Милано доцна синоќа пристигна во Клаипеда, а денеска заедно со останатите момци одржаа тренинг.

Нено верува дека на вториот дуел можеме да одиграме многу подобро, и дури и во изненадување ако бидеме во резултатски егал.

„Така се поклопија работите, игравме речиси во исто време, Македонија со Литванија, а јас со Милано против Макаби. Ги гледав првите пет минути и потоа морав да излезам на терен, ги гледав потоа „хајлајтсите“ од натпреварот во Скопје и видов што се случувало. Тој пораз не не обесхрабрува, јас мислам дека секогаш вторите натпревари од ваквите двомечи ги играме подобро, малку повеќе сме заедно и тактички и психолошки сме поподготвени затие втори средби. Клучно ќе биде да не си дозволиме таков старт како во Скопје, да парираме резултатски, да не дозволиме Литванија да се одлепи. Ако сме блиску на резултатски план, можеме да влеземе во неизвесна завршница, зошто да не и да изненадиме“, ни изјави Ненад Димитријевиќ.

Нашиот најдобар кошаркар го прокоментира и моментот на поголема толеранција на судиите на агресивна игра која е на точка на лична грешка.

ПретходноШифрин на чекор до 100-тата победа, сензација на Албанката Колтури
СледноОхрид по двата порази до лесна победа над Радовиш