Ако некој се прашуваше зошто Џирона во летниот преоден рок даде речиси 10 милиони евра, вечерва го има одговорот. Македонецот и тоа како блесна вечерва во дресот на Џирона против Еспањол. И не само што ова беа деби – голови на супер – Бојан во Ла Лига, ова беа први негови голови во една од најсилните лиги во светот. Да потсетиме дека Бојан веќе има два гола во Купот на Кралот против Екстрамадура. Сега останува да се запише во листата на стрелците и во ЛШ за Џирона.
Бојан уште во 4.минута имаше асистенција за 1:0 за својот тим, но тука не застана. Во 16 и 22 минута со два убави гола му донесе водство на домашниот состав од 3:0. Миовски играше до 71.минута кога беше изваден од игра за да не се троши многу ако се знае дека веќе за неколку дена Џирона ќе игра меч во Лигата на Шампионите.
Да кажеме дека мечот Џирона го доби со 4:1.