Манчестер Сити го губи Ковачиќ на неколку недели

52

Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ ќе одуствува од терените околу еден месец. Оваа информација без да наведе за каква повреда се работи ја пренесе самиот менаџер на тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Ковачиќ се повреди за време на натпреварот на Хрватска од Лигата на нации против Португалија. Тој беше заменет на паузата, а се верува дека станува збор за повреда на мускулот и лекарите на Манчестер Сити претпочитаат да бидат претпазливи и нема да брзаат со играчот да се врати на теренот.

Се очекува Ковачиќ да пропушти најмалку шест претстојни натпревари за „Граѓаните“. Тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Тотенхем, Феенорд, Ливерпул, Нотингем, Кристал Палас и Јувентус. Во зависност од тоа како ќе се одвива неговото закрепнување, постои можност тој да биде достапен за дербито со Манчестер Јунајтед на 15 декември или следната пресметка со Астон Вила шест дена подоцна.

 

ПретходноНикола Јокиќ го прослави раѓањето на синот со трипл – дабл (ВИДЕО)
СледноДерби во Струмица, лидерот го пречекува Вардар Неготино